Компанијата „Пелистерка“ ја продолжи традицијата за возбудливи календари за годината што доаѓа. Овојпат „разголе“ 12 македонски спортистки.
Убави, храбри, силни, издржливи и најдобри. Пелистерка денес го промовираше календарот за 2018 година. На календарот свое место најдоа: Берна Шерифовска – џудистка, Наташа Андонова – фудбалерка, Едина Муса – кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами – атлетичарка, Леана Таќи – триатлонка, Милјана Ристиќ – маратонка, Елена Чуркоска – кајакарка, Катерина Николовска – велосипедистка, Стефани Тодорова – кик боксерка, Ивана Јанкова – одбојкарка, Марија Божиновска – фитнес билдерка, Нина Ѓорѓевиќ – каратистка.
Под мотото „Вода за најдобри“ компанијата годинава покажува дека и жените спортисти заслужуваат подеднаков третман и внимание!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА