„Пелистерци“ без одговор за „семоќниот“ Миклер

Ракометарите на Е. Пелистер во осмото коло од Лигата на Шампионите го претрпеа шестиот пораз, губејќи со убедливи 35-20 на гостувањето против Пик Сегед. Ривалот што „пелистерци“ го совладаа минатата седмица во Битола овојпат беше доминантен, а во главна улога беше ветеранот Роланд Миклер, кој го одигра мечот на сезонаа предводејќи го унгарскиот гигант до четвртата овосезонска победа.

„Пелистерци“ имаа рано водство од 0-1 и 1-2, а дуелот беше израмнет до 3-3, по што унгарскиот тим ja презеде контролата над резултатот. Со четири гола во низа Пик Сегед поведе со 7-3, а неколку минути подоцна преку Мачковшек и до уште поубедливи 10-4. Миклер бранеше извонредно во овој дел од мечот со седум интервенции во првите 16 минути од полувремето. „Пелистерци“ се вратија во ритам, намалија на 11-7, по што домашниот тренер беше принуден да побара тајмаут. Кузмановски погоди за 11-8, преполовувајќи ја најубедливата предност што Пик Сегед ја имаше од „плус шест“. „Пелистерци“ играа агресивна одбрана врз бековите на Пик Сегед, но одличниот Миклер го продолжи своето шоу (11 одбрани во првото полувреме) и македонскиот првак замина на одмор со негатива од пет гола (14-9).

Второто полувреме беше отворено со гол на домаќините преку Гарсијандија. Миклер го продолжи своето шоу на голот, Унгарците рутински ја зголемија предноста, па Гарабаја беше принуден да побара тајмаут во раната фаза од полувремето (19-11). Миклер му одбрани зицер на Радивојевиќ, по што домаќините преку Тото стигана до првото двоцифрено водство на мечот (33-23).

Победникот дефинитивно беше решен, а Унгарците во завршницата успеаја да ја зголемат уште повеќе предноста, славејќи со конечните 35-20.

Миклер беше повлечен пред крајот и поздравен со овации од публиката откако собра 19 интервенции, најефикасни кај победничкиот тим беа Фримел и Кукиќ со по седум гола, додека кај Пелистер во ова бледо издание најмногу се истакнаа Манасков, Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ со по три погодоци.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...