„Пелистерци“ добро се испотија за победа над Прилеп

Иако се очекуваше лесна и убедлива победа, на крајот шампионот Еурофарм Пелистер добро се намачи да дојде до триумф над Прилеп во рамките од 21. коло во македонската Супер-Лига.

Предноста на Прилеп на стартот од мечот во неколку наврати (0-1, 1-2 и 2-3), не ги поремети битолските ракометари да го преземат веднаш водството и да го задржат до крајот на првиот дел, и да заминат на пауза со +4 (16-12).

И кога се очекуваше дека во вториот дел дополнително ќе притиснат, во 42. минута беше нерешено 20-20. Тоа беше јасен сигнал за шампионот дека ќе треба добро да се намачи за победата, а потоа брзо стигнаа до +3, во еден миг и до +6, после кои немаше враќање.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кузмановски со девет голови. Кај Прилеп Димитар Димитриоски постигна осум голови.

Се вчитува...