„Пелистерци“ ги продолжија договорите со Павле и Петар Атанасијевиќ до 2028 година (ФОТО)

Македонските репрезентативци Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите со шампионот Е. Пелистер до јуни 2028 година, информираат од битолскиот суперлигаш. и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим.

„Нашиот проект се протега многу подолго и затоа размислуваме и за иднината на тимот. Со овие потписи клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Е. Пелистер 2 во првиот тим, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес“ – порачаа од таборот на „пелистерци“.

Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.

Се вчитува...