„Пелистерци“ го замрзнаа ПАОК на „минус 16“ и закажаа финале со Вардар

Е. Пелистер е вториот финалист на струшкиот ракометен турнир откако актелниот македонски првак вечерва славеше над ПАОК со преубедливи 36-20.

Битолчани одиграа импресивно од самиот почеток, со цврста одбрана исфрлајќи го целосно противникот од игра. Од минута во минута предноста растеше, на пауза изнесуваше 14 гола, „пелистерци“ имаа и најубедливи „плус 19“, за ПАОК во бркотницата во завршните минути да намали на конечните шеснаесет гола разлика.

Богдан Радивојевиќ беше главна фигура на мечот со девет гола без ниту едно промашување, Филип Кузмановски постигна шест погодоци, а Павле Атанасијевиќ го заврши мечот со пет гола.

Големото финале на Струшкиот турнир меѓу Вардар и Е. Пелистер на програмата е утре со почеток во 21 часот.

Се вчитува...