Еурофарм Пелистер лесно славеше на гостувањето против Радовиш со 25-34, за успешен крај на 2021 година за битолските „фармацевти“.
Иако емотивно исцпрени по тешкото дерби со Вардар пред само неколку дена, „пелистерци“ најдоа сили за да ја демонстрираат својата надмоќ и да доминираат на овој натпревар. Радовишани парираа само до 7-7, за потоа Еурофарм Пелистер да почне да доминира на теренот и веќе до крајот на полувремето да стигне до убедлива предност од 12-19.
Позитивата беше рутински одржувана во голем дел од второто полувреме, пред крајот на полувремето „пелистерци“ стигнаа и до „плус единаесет“ (19-30), за Радовиш во самиот финиш да ја спушти негативата на конечни девет гола разлика.
Ненад Костески со девет погодоци беше најефикасен во победничкиот тим, пет постигна Божиќ Павлетиќ, додека кај Радовиш прв стрелец беше Вујниќ со шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА