Ракометарите на Еурофарм Пелистер не губат надеж дека ќе успеат да приредат сензација на реваншот против Мест Брешков, откако го загубија првиот натпревар во Битола со 27-31.
Битолчани се свесни дека задачата е тешка, но не и невозможна, а најважно од се ќе биде да се крене сопственото ниво на игра.
„Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат. Мешков Брест е квалитететн тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи“, изјави голманот Кизиќ.
Сличен е ставот и на Јосип Божетиќ Павлетиќ, крилниот ракометар на Еурофарм Пелистер.
„На натпреварот во Битола не ја покажавме правата слика, игравме под нашите можности и сигурно можеме подобро. Зе надевам дека во Белорусија ќе покажеме подобро лице. Не се откажуваме, четири разлика не се многу, во спортот сè е можно. Одиме на победа во Брест. Сигурно дека добро се подготвија двете екипи за првиот натпревар, но тоа не беше наш ден. Сите како екипа потфрливме, но одиме во Белорусија да се покажеме во подобро издание. Со секој тренинг, со секој натпревар се подготвуваме за тоа што ни следи. Сите добро знаеме што е пред нас. Со секој тренинг напредуваме и може да биде само подобро“, порача хрватскиот интернационалец во таборот на „пелистерци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА