Ракометарите на Е.Пелистер немаа сили за позитивен резултат во пресметката против Висла Плок во Битола во 11. коло од Лигата на шампионите.
И покрај континуираните обиди да се стигне до победа против фаворитот, сепак „зелените“ не успеаја да ја стигнат негативата во која западнаа од првите минути на дуелот, па потоа ја бркаа до крајот на мечот, за пораз од 25-28 (9-13).
Гостите од самиот старт наметнаа силен ритам поведувајќи со 0-3. Тоа водство постојано ја одржуваа во продолжуваа, и зголемувајќи, па доаѓајќи и до 4-9 во еден момент.
Македонскиот тим успеа да фати ритам и да дојде до 8-10 на пет минути пред крајот на полувремето. Но, потоа следеше нова серија на Висла Плок која дојде и до 8-13, а со гол на „пелистерци“ на крај и за 9-13 на паузата.
Во второто полувреме Полјаците на стартот ја одржуваа стекнатата предност, но Е.Пелистер во еден момент успеа да дојде до само два гола минус (18-20). Сепак, гостите одржуваа предност доаѓајќи до 21-25, па и 23-27 потоа со што веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата.
До финишот само рутина за Висла Плок за конечна победа од 25-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

