„Пелистерци“ немоќни пред европскиот шампион: Убедлив пораз од Магдебург!

Македонскиот шампион, екипата на Е. Пелистер доживеа убедлив пораз на гостувањето против актуелниот европски шампион Магдебург во 6. коло од Групата Б во Лигата на шампионите. „Пелистерци“ загубија со двоцифрена разлика од 36-26.

А, натпреварот почна со одржувачки ритам на македонските ракометари кои умешно парираа на фаворитот низ првите 20 минути. Но, потоа Магдебург се одлепи и на полувремето дојде до предност од убедливи 19-13.

Во, второто полувреме Германците во континуитет ја зголемуваа предноста доаѓајќи пред крајот на средбата и до +11, за на крајот да заврши со 36-26.

За Магдебург ова е шеста победа од исто толку натпревари, а Е. Пелистер го запиша петтиот пораз, наспроти само една победа.

Во останатите натпревари во групата, ПСЖ на домашен терен загуби од ГОГ со 34-36, а Барселона убедливо со 24-34 славеше на гостувањето во Полска против Висла Плоцк.

Се вчитува...