„Пелистерци“ немоќни против ПСЖ на збогувањето од Европа

Ракометарите на Е. Пелистер со убедлив пораз од ПСЖ од 26-35 ги завршија годинашните настапи во Лигата на шампионите.

Во натпревар без резултатско значење, „пелстерци“ умешно парираа на големиот фаворит во првото полувреме во кое до самиот финиш одржуваа егал резултат, но целосно потклекнаа во второто полувреме за на крај убедлив пораз од девет гола разлика.

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Филип Кузмановски со седум гола, а Пешевски заврши со четири постигнати погодоци. Кај ПСЖ се издвои Пранди со осум гола.

Во последниот натпревар вечерва, Спортинг во драматична завршница некако успеа да дојде до реми (29-29) на гостувањето против Висла Плоцк и со тоа да дојде до второто место на табелата кое води директно во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...