Ракометарите на Еурофарм Пелистер настојуваат експресно да го остават зад себе разочарувачкиот пораз од Веспрем и веќе утре против Нексе да се вратат на победнички патеки.
Анализата е направена, па на сите во битолскиот табор им е јасно дека квалитетот на Еурофарм е повисок од она што беше покажано на синоќешното полуфинале.
„Синоќешниот натпревар не беше нашата вистинска слика, можеме да играме многу подобро. Правевме многу ситни грешки во напад, на што посебни обративме внимание сега, требаше да постигнуваме повеќе лесни голови, а во одбрана недостигаше малку длабочина и агресивност. Тие се поквалитетна екипа од нас, ама не ја покажавме својата вистинска слика. Можное да постоеше одредена доза на респект кон нив, треба да се консолидираме и да видиме што не спречуваше да играме. Од вчерашниот пораз можеме само да научиме за иднина. Еурофарм Пелистер може и мора подобро“, вели капитенот Мирко Радовиќ.
Тренерот Валтер предупредува дека Нексе е квалитетен состав, чија главна одлика е добрата воиграност. Сепак, според него македонскиот вицепрвак се наоѓа на вистински пат кон успехот.
„Нексе Нашице е одлична екипа, долго време се заедно и воиграни се со тренер како Тамше. Добро го познавам, беше мои играч и одлично натпредува. Го следев тимот на Нексе и во подготовките и знам дека се работи за квалитетен тим. Ние мора да одиграме подобро и посмело од синоќа и убеден сум во таква реакција на тимот. Напорно работиме и Еурофарм Пелистер е на вистински пат“, изјави данскиот стратег на клупата на Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА