Еурофарм Пелистер претрпе пораз од 31-26 на пријателскиот натпревар со ППД Загреб што македонскиот вицепрвак го одигра денеска во хрватскиот главен град.
По триумфот на дуелот со Целје, избраниците на тренерот Бабиќ овојпат немаа сили да го повторат успехот и против хрватскиот шампион, меч на кој пресудно се покажам второто полувреме. Имено, „пелистерци“ беа подобар ривал во првиот дел и имаа водство од 14-16, но во вторите 30 минути постигнаа само десет гола, по што домаќините направија пресврт и стигнаа до победа.
Хрватското крило Божиќ Павлетиќ беше најефикасен поединец во таборот на Еурофарм Пелистер со пет гола, по четири постигнаа Мараш и Табоада, а по трипати прецизни беа Ојлески и Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

