„Пелистерци“ преубедливи во дуелот со Куманово

Пелистер рутински ја оправда фаворитската улога против Куманово, дуел што актуелниот шампион на Македонија го доби со убедливи 45-20. Разликата во квалитет беше и повеќе од очигледна, а големата предност му овозможи и на тренерот Гарабаја да одмори дел од клучите играчи во пресрет на дуелот од Лигата на Шампионите против Пик Сегед.

„Зелено-белите“ го отворија мечот со 6-1, а на половина од првото полувреме резултатот гласеше 11-3. Доминацијата продолжи, нападот функционираше беспрекорно, па битолчани постигнаа 20 гола во првото полувреме, на одмор заминувајќи со 20-8 со погодокот што го постигна младиот Калајџиоски. По десет минути игра во вториот дел „пелистерци“ веќе водеа со 30-13, предност што ја зголемија до самиот крај и конечните 45-20, со голот на Хаџиќ во последните секунди.

Дванаесет различнни ракометари на Пелистер се запишаа меѓу стрелците на овој меч, најефикасни беа Кузмановски и Петар Атанасијевиќ со по седум, додека први стрелци на кумановци беа Стојков и Цековски со по четири погодоци.

Се вчитува...