„Пелистерци“ решени: По три бода против Воска Спорт во Охрид

Пелистер по елиминацијата од Купот на Македонија денеска од 13 часот во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига гостува на Воска Спорт во Охрид, во очекување на задолжителни три бода.

Виктор Серафимовски вели дека тимот атакува на трите бода, без разлика што Воска е незгоден противник.

„И овој натпревар нема да биде воопшто лесен. Воска покажа дека е незгоден тим, а наша обврска е да го дадеме максимумот на натпреварот. Ако се фокусираме на нашата игра мислам дека ќе дојдеме до поволен резултат“ – вели Серафимовски.

Слично е размислувањето и на Дамјан Масевски…

„Многу важен натпревар за нас. Максимално сме подготвени за средбата, мотивирани сме и одиме на три бода“ – вели Масевски.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (13 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
Кратово: СИЛЕКС – БЕСА
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...