Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречека данскиот ГОГ Гудме во натпревар од 3. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
По првите две кола каде битолчани славеа на домашен терен со хрватскиот првак ППД Загреб и тесно загубија на гостувањето кај големиот фаворит Пари Сен Жермен, во овој меч со данскиот тим влегуваат со голема самодоверба.
Еурофарм Пелистер се очекува да биде комплетен за овој дуел, голманот Саид Хеидарирад се врати од Белград, каде ја лечеше повредата на задната ложа, и веќе настапи на дербито со Алкалоид.
Натпреварот е закажан за 20.45 часот, а денеска својот четириесетти роденден ќе го слави и навивачката група „Чкембари“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

