„Пелистерци“ се преселија во Охрид пред мечот со Брегалница: Кон прва пролетна победа

„Пелистерци“ денеска на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид го одработија последниот тренинг пред утрешниот натпревар (14 часот) против Брегалница во рамките на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Поради реконструкцијата на стадионот во Битола, „зелените“ се приморани натпреварите како домаќини да ги играат во Охрид, но силно веруваат дека против штипјани може и мора да дојдат до првата пролетна победа. Посебно, после она реми со Победа во Струмица.

„Знаеме дека ние сме фаворити на овој дуел и секако одиме на три бода од мечот со Брегалница. Но, тоа воопшто не значи дека ќе биде лесен натпревар. Напротив, треба максимално сериозно да му пристапиме на дуелот и од самиот почеток силно да атакуваме на триумфот. И Брегалница доаѓа во Охрид со свои математики. Знам дека во Охрид ќе имаме добри услови за натпревар, но мора и да потенцирам дека ми е навистина жал што нема да играме во Битола“ – вели пред утрешниот меч шефот на стручниот штаб на Пелистер, Наџи Шенсои.

nadzi sensoi

Пелистер оваа пролет ја стартуваше со амбиции за излез на европската сцена. Токму затоа на дуелот со „сините“ мора да атакуваат безусловно на три бода.

Се вчитува...