Двата тима на Еурофарм Пелистер одиграа пријателски натпревар меѓу себе во Битола низ подготовките за новата сезона на домашната и интернационалната ракометна сцена.
На крај убедливо подобар првиот тим на „пелистерци“ кој славеше со 12 гола разлика, 33-21. Иако, се чини помладиот тим на битолчани одржуваше рамнотежа низ првите 30 минути игра.
Најефикасен во победничкиот тим беше репрезентативецот Петар Атанасијевиќ со 8 гола, а седум погодоци запиша Костески. Кај поразените се издвоија Мијушковиќ и Маркоски со по пет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА