„Пелистерци“ во битка со Нексе – „награда“ е двомеч со Вардар

Ракометарите на Пелистер попладнево (15 часот) го играат првиот дуел од плејофот во СЕХА-лигата, на гостински терен против Нексе, во обид да се изборат за место во четвртфиналето каде ги очекува бранителот на трофејот Вардар. Битолчани напорно работеа во изминатиот период, а најважно од се беше ракометарите да се навикнат и да ги прифатат методите на работа на новиот тренер Жељко Бабиќ.

Под негово водство беа одиграни неколку контролни натпревари, кои беа само загревање за овој двомеч со хрватскиот вицепрвак.

„Имам огромна почит кон Нексе, квалитетен тим предводен од Хрвоје Хорват. Тие играат многу добро во одбраната, а во нападот добро играат „седум на шест“, поради што мислам дека ќе ја имаат фаворитската улога на првиот меч. Како и да е, слободно можам да кажам дека ние сме подготвени за предизвикот“, изјави Бабиќ во пресрет на денешниот дуел во Нашица.

„Почнуваме со нов тренер, нов стил на игра. Сигурен сум дека дуелите со Нексе ќе биде тесни на резултатски план и интересни за гледање, но патникот во следната рунда ќе се решава на ревнашот во Битола“, додаде Марин Вегар.

Се вчитува...