„Пелистерци“ во невозможна мисија: „Да се биде или не во ЛШ“, во пеколот во Берлин

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва (20.45 часот) му гостуваат на Фухсе Берлин во претпоследната рунда од групната фаза од Лигата на Шампионите. Битолчани ја кренаа формата во вториот дел од сезоната, особено по доаѓањето на Раул Алонсо на чело на екипата, но одличните резултати што неочекувано ги оствари Висла во последните неколку средби го оставија македонскиот првак на работ на елиминација.

Вистинска штета, ако се земе во предвид напредокот на битолскиот тим во однос на ланската сезона, но и во однос на игрите до пред неколку месеци. За да се избегне елиминација ќе мора најпрвин вечерва да се остане непоразен во Берлин, потоа во последното коло да се совлада ПСЖ, а Висла да го загуби својот последен меч од групната фаза. Реално – речиси невозможна мисија за „зелено-белите“, кои без оглед на се остануваат максимално мотивирани да продолжат со добри игри до крајот на овосезонската авантура во елитното европско натпреварување.

Февруари е брутален, но така е за сите екипи. Фуксе Берлин го има истиот проблем со заморот како и ние. Тие пред неколку дена играа со Фленсбург во Бунделсигата. Навистина играат добро. Сепак, навикнати сме, малку имаме време да уживаме по одличниот домашен натпревар вчера и среќен сум што напорната работа се исплатува. Секој трет ден играме натпревар, сега патуваме за Германија, ни следи натпревар со врвна екипа и светска класа на ракометари. Наша цел ни е да одиграме на највисоко ниво во Берлин. Завршивме одлична работа во последните неколку месеци, освоивме многу бодови и достигнавме ниво да се натпреваруваме на високо ниво на домашен терен и сега предизвик е да се покажеме така добро во гости. Има полесни натпревари од овој во Берлин, но кога играте во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок“ – вели тренерот Алонсо, притоа дополнувајќи:

„Го познавам Фуксе Берлин многу добро. Скоро дваесет години го градат овој проект на паметен начин. Секогаш имале врвна екипа, пред неколку години играат Ф4 на Лигата на шампионите и сега се во момент кога се борат за трофеите во Германија и целат кон учество на завршниот турнир во Европа. Потпишаа некои врвни ракометари, го имаат најдобриот светски ракометар, го продолжија договорот со него и не е коинциденција што се толку добро. Во состојба се да се натпреваруваат за сите трофеи. Ќе биде тешко да се игра против нив, но треба да се концентрираме на нашата игра и да одиграме на ниво“.

Се вчитува...