Пелистер се засили со Тајлер Чиз (ФОТО)

Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во тимот на Марјан Илиевски е Тајлер Чиз. Американец кој игра на бековската позиција во редовите на битолчани доаѓа на местото на Чез Вилијамс кој го замени „зелено-белиот“ дрес со „црвено-белиот“ на Кожув.

Дваесетичетири годишникот кој колеџ карирата ја заврши во Акрон претходната сезона ја започна во Тревизо, но за италијанскиот тим одигра само три натпревари пред да се пресели во Финска и тимот на Вајкингс за кој одигра четири средби каде во просек постигнуваше по седум поени.

Се вчитува...