Пен: Одиме по победа и во Скопје

Кошаркарите на Блокотехна со право еуфорично ја прославија вечерашната победа над Работнички. Откако го декласираа актуелниот првак со 85-58, избраниците на Марјан Илиевски сега полни со оптимизам ќе се свртат кон наредниот дуел, в петок во Скопје.

„Излеговме на терен и го покажавме она што најдобро го знаевме. Свесни бевме колку е значаен овој натпревар за нас, дадовме се од себе и конечниот исход е онаков каков што е. Покажавме дека можеме да играме со Работнички и дека можеме да го победиме. Свесни сме дека за пласман во финалето ни треба една победа во Скопје и верувам дека можеме да дојдеме до неа“ – изјави Брендон Пен.

Американецот на Блокотехна го заврши натпреварот со 14 поени и четири скокови, но одигра и клучна улога во обраната на ссвојот тим, со пет украдени топки.

Се вчитува...