Јувентус има право да биде незадоволен од арбитражата на полските судии во првото полувреме од дуелот со Тотенхем, по недосудениот пенал за стартот на Вертонген врз Даглас Коста.
Бразилецот втрча во шеснаесетникот, а Вертонген откако не стигна прв до топката имаше неколку контакти со ногата на Коста, кој падна на теренот, а сите очекуваа пенал. Изненадувачки, судијата покажа играта да продолжи, иако на десетина метри имашее дури тројца арбитри, оној главниот Марчинјак, помошникот крај аут-линијата, но и еден од асистентите кој е задолжен токму за следење на вакви дуели, а кој имаше и најдобар поглед на ситуацијата.
Huge penalty shout from Juventus goes unrewarded! #TOTJUV
Should this have been a penalty? pic.twitter.com/eG4LkfWBlf
— EPL Live App (@LiveScoreEPL) March 7, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА