„Пенал Мадрид“ – Во последните три меча во Ла Лига, Реал доби четири пенали (ФОТО)

Шпанската јавност веќе со потсмев гледа на последните натпревари на „кралскиот клуб“ за кого, домашните фудбалски аналитичари, велат дека е судиски најзаштитениот клуб во Ла Лига.

Реал Мадрид на денешнот натпревар во Сан Себастијан триумфираше со 0-2, со два досудени пенали кои ги реализираа Винисиус Јуниор и Мбапе.

Интересно, на последните три натпревари во Ла Лига, „кралевите“ добија четири пенали и сите одлучувачки за освојување на бодови. Најпрво за избегнување пораз од Лас Палмас, а потоа и за победите против Бетис и сега против Реал Сосиедад.

Токму затоа, веќе се активираат и шегите по социјалните мрежи…

„Па и Флорентино Перез да седеше во ВАР-собата немаше толку да се судат пенали“ – се дел од шегите на социјалните мрежи…

Се вчитува...