Манчестер Јунајтед на вториот домашен натпревар сезонава го претрпе првиот пораз, откако „црвените ѓаволи“ беа шокирани од Кристал Палас, губејќи со 1-2 со гол примен во 93. минута. Откако Погба во минатото коло не реализираше удар од белата точка. Јунајтед повторно се соочи со ист проблем и денеска, откако Рашфорд промаши пенал во второто полувреме, при негатива од 0-1.
Лондонскиот клуб немаше постигнато погодод на „Олд Трафорд“ цели 15 години, а сензацијата ја најави Ајув, кој одлично се снајде по една спуштена топка од Шлуп и го матираше Де Хеа. „Црвените ѓаволи“ во второто полувреме добија идеална шанса да израмнат од пенал, но Рашфорд го затресе дирекот од голот на гостинскиот тим. Иницијативата на домашниот тим продолжи, а тоталната офанзива вроди со плод пред самиот крај, кога младиот Џејмс со прекрасен удар ја пласираше топката во горниот агол од голот на Палас.
И кога се очекуваше втор гол на Јунајтед – молк на „Олд ТрРафорд“, Заха влезе во шеснаесетникот во 93. минута, одбраната на Јунајтед кратко ја одби топката, таа стигна до Ван Анхолт, кој успеа да ја смести во мрежата на домашниот тим.
Саутемптон како гостин триумфираше против Брајтон со 0-2, откако домаќините уште во првото полувреме останаа со играч помалку по црвениот картон на Андоне.
Резултати Англија:
Норвич – Челси 2-3, Брајтон – Саутемптон 0-2, Ватфорд – Вест хем 1-3, Манчестер Ј. – К. Палас 1-2, Шефилд Ј. – Лестер 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА