Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и неговиот Борац Бања Лука не успеаја да се изборат за групна фаза во Лигата на Европа, откако во плеј-офот дури по пенал-рулетот загубија од унгарски Ференцварош.
Во регуларниот дел денешниот меч во Бања Лука заврши без голови, исто како и првиот натпревар во Унгарија, а во продолженијата двата тима постигнаа по еден гол, па се отиде на изведувањето на пеналите.
А, во пенал-серијата Ференцварош славеше со 2-3.
Македонскиот голман Шишковски не беше на голот на Борац, за кој бранеше Филип Манојловиќ кој непотребно во второто продолжение направи пенал за гостите по кој Ференцварош се избори за 1-1 и пенали.
Шишковски и Борац Бања Лука, и по овој пораз, сепак продолжуваат во Европа но ќе играат во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА