Пенал рулетот ќе го даде петтиот патник во четвртфиналето на СП

Патникот во четвртфиналето од дуелот помеѓу Јапонија и Хрватска ќе биде познат по изведување на пенали. Јапонците и Хрватите кои ремизираа со 1-1 по регуларниот дел од мечот, не успеја да ја затресат мрежата и во дополнителните 30. минути.

Во нив Јапонија се закани преку Митома во 104. минута, додека Маер имаше шанса во самата завршница, но поуспешниот изведувач на пенали ќе се најде во следната фаза.

Се вчитува...