Пенал-шоу на „Крејвен котиџ“: Фулам спасуваше бод против Ипсвич

Фулам и Ипсвич ремизираа 2-2 во првиот од двата меча на денешната премиерлигашка програма, меч што го одбележа главниот судија и трите досудени пенали на „Крејвен Котиџ“.

Ипсвич во минатото коло го совлада Челси, а тимот на тренерот Мекена денеска одигра уште еден одличен натпревар во кој два пати стигнуваше до водство, но сепак не успеа да го освои целиот плен во Лондон.

Ипсвич одигра дисциплинирано во одбраната, користејќи ја својата единствена шанса во првото полувреме за да поведе преку Смодич во 38. минута. Фулам продолжи да притиска и во 69. минута израмни на 1-1 со пеналот на Раул Хименез, но две минути подоцна беше покажано на белата точка на спротивната страна, по што Делап го врати гостинот во водство.

Домашните целосно се префрлија на противничката половина, на крајот стигнувајќи барем до еден бод со вториот пенал што беше досуден за нив, што повторно Раул Хименез го претвори во гол.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...