Иако ја имаше фаворитската улога, тимот на Атлетик Билбао со мнгоу мака стигна до триумф над Елче во колото број 25 во шпанската Ла Лига. Билбао со гол во претпоследната минута од пенал, успеа да ги освои трите бода.
Три шанси имаше Атлетик Билбао во првиот дел од мечот, а конечно, водство се случи дури во 64. минута. Гирузета откако доби топка во шеснаесетникот, од прва шутираше и погоди во мрежата.
Сепак, само пет минути подоцна, пенал за Елче. Сигурен реализатор беше Андре Силва кој шутираше по средината на голот и израмни.
Пенал доби и Билбао во 89. минута. Сигурен реализатор беше Гурузеат кој шутираше прецизно за гол и победа на домашната екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

