Шансите на Манчестер Сити за камбек против Реал сега се сведени на теорија, откако по дваесетина минути игра тимот на Пеп Гвардиола се најде во негатива од 0-1 на домашен терен, а згора на тоа остана и со играч помалку на теренот.
Винисиус одлично се снајде и го погоди дирекот, по одбиената топка акцијата продолжи, Винисиус повторно се обиде, но Бернардо Силва од самата гол–линија не дозволи топката да заврши во мрежата.
Само што – по прегледување на снимката беше очигледно дека Силва игра со рака, а судијата Турпан по повикот од ВАР-собата покажа на белата точка, воедно и исклучувајќи го капитенот на Сити.
Винисиус за разлика од првиот меч во Мадрид, овојпат успеа од белата точја да го совлада Донарума, а потоа и да го прослави голот во свој стил, со провокации до домашните навивачи.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) March 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

