„Пеналдо“ во елемент: Кристијано бара пенал, а противникот свртен со грб (видео)

Кристијано Роналдо е добро познат како лош губитник, но Португалецот се надмина на вчерашниот меч меѓу Ал Наср и Ал Кадсија што неговиот тим го загуби со 1-2.

Се играше судиското продолжение кога Роналдо не стигна до еден висок центаршут, па падна на земја и почна гласно да бара пенал. Проблемот беше, не само што немаше контакт, туку и противничкиот фудбалер беше со грб свртен од Кристијано…

Неверојатната ситуација од финишот на вчерашниот меч можете да ја погледнете НА ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...