Ниту во продолженијата во финалето на Купот меѓу Македонија ЃП и Силекс не се случуваше ништо да има промена на резултатот.
Првата и единствена шанса во продолженијата ја имаа ѓорчепетровци преку Купер, кој по центаршутот од десната страна со глава се обиде, но само право во голманот Божиновски.
Најсериозната прилика во регуларниот дел ја имаше Каланоски во 57. минута, но Стевковски му го одбрани неговиот удар и така го однесе својот тим во продолженијата.
Сега пеналите ќе го дадат освојувачот на Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА