Пењароја: Не размислувам да си дадам отказ

Кошаркарите на српскиот великан Партизан доживеаја нов срам сезонава во Евролигата, откако вечерва на домашен терен беа прегазени од грчки Олимпијакос со убедливи 66-104 во првиот натпревар од 22. коло од елитното натпреварување.

Тренерот на црно-белите Жоан Пењароја по мечот изјави дека не размислува да си даде отказ.

„Не жалам што дојдов во Партизан. Мислам дека се подобруваме секој ден и дека се бориме. Мора да работиме напорно 100%. Не размислувам за оставка, сакам да се натпреварувам и да се обидувам да ги направам навивачите среќни“, изјави Пењароја.

Се вчитува...