Пењароја со прва победа како тренер на Партизан

Жоан Пењароја ја запиша првата победа како тренер на Партизан откако вечерва белградскиот тим славеше на домашен терен против Сплит со убедливи 110-74 во меч од 12. коло од АБА лигата.

Уште од самиот старт белграѓани тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа огромна предност од 56-38. Во вториот дел избраниците на Пењароја само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 110-74.

Kaмерон Пејн со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Дрежњак постигна 23 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...