Во периодот кога Ростов опасно се приближуваше, одговорноста врз себе ја презеде Андреа Пенезиќ, погоди неколку пати во клучните моменти и стави печат на големата полуфинална победа. Хрватската ракометарка беше задоволна по триумфот, но и претпазлива бидејќи знае дека клучниот меч, оној за трофејот против Ѓер, ќе биде уште потежок.
„Добро го отворивме мечот, уште од самиот почеток го диктиравме темпото. Не бешше лесно какоо што се чинеше, Ростов има исклучително брза екипа, но ние ги сопревме во контранападите и во полуконтрите. Сега пред нас е Ѓер, тој тим е вистински машина, па игра одлично и покрај бројните повреди. Јасно е, ќе ни биде тешко, но и на нив нема да им биде лесно против Вардар“ – изјави Андреа Пенезиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА