ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски
Вардар доживеа нов драматичен пораз во финалето на Лигата на шампионките во Будимпешта, откако по продолженија загуби од Ѓер со 27-26. Во регуларниот тек беше испуштена голема шанса, кога „црвено-црните“ девојки имаа водство од 20-19 и ракометарка повеќе во полето, но не успеаја да се одбранат, а потоа и да постигнат победнички гол.
Во последните моменти од продолженија, Андреа Чанаџија не успеа да погоди за израмнување, па затоа и нема утеха за Андреа Пенезиќ.
„Едноставно не ни беше судено да освоиме титула. Ова ни беше последна шанса заедно да дојдеме до трофејот. За мене ова дефинитивно беше последна шанса за европска титула. Тешко ми е, немам зборови, едноставно немам никаков коментар“, изјави Пенезиќ во солзи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА