Андреа Пенезиќ игра уште една фантастична сезона во дресот на Вардар, а низата одлични настапи го продолжи и против Будуќност, меч на кој Хрватката постигна осум погодоци.
„Нема доволно зборови во речникот за да се опиша колкава сила на природата е Андреа Пенезиќ“ – истакна коментаторот на ЕХФ ТВ, упатувајќи низа комплименти на адреса на хрватската ракометарка во дресот на Вардар.
Пенезиќ повторно се најде и меѓу „трите ѕвезди“ на колото во Лигата на шампионите, каде друштво и правеа Ксениа Смитс од Мец и голманката на Ростов, Ана Седојкина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА