Пензионери од 2022: Фудбалот нема да биде ист без Пике, Рибери, Тевез, Игуаин…

Завршува годините која од фудбалски аспект ќе ја паметиме по многу работи, но и по пензионирањето на неколку големи фудбалски ѕвезди.

Најизненадувачко беше она на Жерар Пике, долгогодишниот ас на Барселона од почетокот на сезонава не беше стандарден кај Чави, за минатиот месец да објави предвремен крај на кариерата.

„Оној момент кога ќе почувствувам дека не сум доволно добар за првиот тим на Барселона, заминувам од фудбалот“, најави Пике уште пред неколку години… и остана доследен за кажаното.

Фудбалот остана посиромашен и за Карлос Тевез, еден од ретките кои со голем успех настапуваше и за Манчестер Сити и за Манчестер Јунајтед. На крајот, Тевез имаше испраќање од соништата во дресот на својот омилен клуб – Бока Јуниорс.

Гонзало Игуаин е уште една фудбалска ѕвезда што во 2022 година се збогуваше од најважната споредна работа во светот, и тоа во МЛС-лигата како член на Интер Мајами.

Од останатите, мора да се истакне и Франк Рибери, кој на крајот од кариерата дојде во Италија, настапуваше за Салернитана, но серијата повреди придонесоа екс-ѕвездата на Баерн Минхен да му каже збогум на фудбалот.

Се вчитува...