Манчестер Сити утре го пречекува Галатасарај во последното коло од Лигата на Шампионите, во кое „граѓаните“ влегуваат на 11. позиција и мора не само да слават, туку и да очекуваат „киксови“ на дел од тимовите пред нив ако сакаат место во Топ 8 и директен пласман во осминафиналето од елитното европско натпреварување.
Многу работи во играта на Сити со години наназад зависат од Ерлинг Халанд, а голгетерот се наоѓа во сериозна криза. На последните девет средби тој има само еден единствен гол, што е неверојатно ако се знае дека на претходните 28 меча за Сити Халанд имаше неверојатни 38 погодоци зад своето име.
Сепак, во пресрет на утрешниот важен натпревар Пеп Гвардиола целосно застана во одбрана на најголемата ѕвезда во својот тим..
„Лесно е да се покаже со прстот кон Халанд, но вистината е дека проблемот не е во него, туку во екипата. Да создававме повеќе шанси, тој сигурно ќе имаше повеќе погодоци. Не ги потценувајте врвните голгетери како Ерлинг, тој ќе дава многу голови до крајот на животот, уверен сум во тоа“, истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

