„Пеп Гвардиола е тежок човек, ‘зол’ кога победува“

Поранешниот фудбалски ас а сега аналитичар, Тјери Анри ги критикуваше Манчестер сити и неговиот менаџер, Пеп Гвардиола.

На последните 11 натпревари, тимот на Манчестер сити оствари само една победа и одбраната на титулата одамна се чини дека е „невозможна мисија“.

Познатиот француски ас Тиери Анри ја критикуваше трансфер политиката на „граѓаните“…

„Мораме да ги оспориме неговите одлуки да ги пушти Кол Палмер, Ријад Махрез и Џулијан Алварез. Илкај Гундоган се врати, но не е истиот играч кој постигна 17 гола пред да замине во Барселона. Ерлинг Халанд постигнува малку помалку отколку во првата сезона. А, каде се головите на Махрез, Алварез, Гундоган или Кевин де Брујн?“ – вели Анри.

Анри и Гвардиола заедно играа во редовите на Барселона.

„Вакво нешто се случува првпат во неговата кариера. Никогаш не може да се каже никогаш, но Пеп не е тип на тренер кој лесно се откажува. Тој е навистина, навистина тежок, „зол“ кога победува, бидејќи сака да го задржи својот тим постојано на врвот. Но, и во еден ваков случај е вистински психотерапевт. Гледате дека Сити не игра добро, но тој постојано ги фали своите играчи, и постојано нагласува дека го сака својот тим“ – дополнува Анри.

Се вчитува...