Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години, објавуваат англиските медиуми.
Гвардиола имаше договор до крајот на сезоната, но сега ја продолжи соработката и останува на „Етихад“ до 2025 година. Тој дојде на чело на плавите од Манчесте во 2016 година, а со екипата освои четири титули во Премиерлигата, и еднаш стигна до финалето во Лигата на шампионите кога загуби од Челси во 2021 година.
Гвардиола е најплатениот менаџер во Премиерлигата, а засега нема детали колку ќе заработи со новата соработка.
BREAKING: Pep Guardiola has agreed a two-year contract extension at Manchester City! pic.twitter.com/9TycEyGDCF
— SPORTbible (@sportbible) November 22, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА