Манчестер Сити е последниот европски гигант кој влезе во битката за ангажман на Флоријан Вирц, пренесуваат англиските медиуми. Со тоа актуелниот шампион на Премиерлигата им се приклучи на Реал Мадрид и Баерн Минхен кои се надеваат дека германскиот репрезентативец ќе ги одбере нив.
Вирц блесна изминатата сезона и беше еден од клучните играчи на четата предводена од Чаби Алнсон која ја покори Германија, освојувајќи ја Бундеслигата и Купот, а настапи и во финалето на Лига Европа. Тој и го доби признанието за најдобар фудбалер на сезоната во германското првенство и најави блескава иднина.
Младиот Германец е голема желба и на Пеп Гвардиола кој е подготвен да издвои и сума од 130 милиони евра што би го направила најскапо платениот фудбалер во историјата на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА