Манчестер сити ја осигура шампионската титула во Премиер-лигата, а бидејќи веќе испадна од ЛШ сега Пеп Гвардиола погледите ги насочува кон претстојниот преоден рок. „Граѓаните“ веќе имаат составено вистински дрим-тим, но трофејниот стратег планира дополнително да засили со најмалку две засилувања.
Првото е Тијаго Алкантара, шпанскиот генијалец кој според Гвардиола одлично би се вклопил во средниот ред на англискиот првак. Во ситуација кога Давид Силва има 32 години и Пеп веќе најави помала минутажа за Шпанецот за следната сезона, јасно е дека Алкантара би бил идеална замена. Токму Гвардиола го доведе Тијаго Алкантара од Барселона во Баерн Минхен, кога за овој фудбалер офанзива имаше Манчестер јунајтед, па сега каталонскиот стручњак е оптимист дека ќе успее да го убеди да му се приклучи и во Сити. Се најавува понуда од 50 милиони фунти, но на потег е Баерн Минхен, со оглед на ставот на баварскиот гигант да не се откажува премногу лесно од своите најдобри фудбалери.
Навалната линија на Манчестер сити би можела да биде засилена со Вилфред Заха, откако фудбалерот на Кристал палас е посочен од страна на Гвардиола како идеално освежување. Заха не се снајде најдобро пред неколку години во Манчестер јунајтед, но Гвардиола е убеден дека ќе успее да го извлече максимумот од крилниот офанзивец. И во ова случај сумата со која медиумите шпекулираат е 50 милиони фунти, отштета што Кристал палас би ја прифатил за заминување на англискиот ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА