Манчестер Сити се подготвува за ерата без еден од фудбалерите кој ја одбележа последната деценија наметнувајќи се не само како незаменлив дел од англискиот тим, туку и како еден од најдобрите на својата позиција, Кевин де Брујне.
Белгискиот репрезентативец веќе подолго време се поврзува со трансфер во Саудиска Арабија, а со оглед на тоа што станува збор за 33-годишник и Манчестер Сити нема ништо против да се ослободи од неговите услуги со цел подмладување на средината на теренот.
Со таа цел тренерот Пеп Гвардиола има само една желба за негов наследник. Станува збор за одличниот германски репрезентативец Флоријан Вирц кој со настапите за Баер Леверкузен се наметна како еден од најперспективните млади фудбаери.
Со оглед на интересот кој го има 21-годишникот кој е мета на Баерн Минхен, но и на Реал Мадрид, за неговите услуги Манчестер Сити нема да штеди и е подготвен да ја надмине сумата од 100 милиони евра за трансфер.
Вирц не се брза да ја промени средината, смета дека може да научи многу под водство на Чаби Алонсо, но доколку Шпанецот замине од Баер Леверкузен голема е веројатноста дека тоа ќе го направи и Вирц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

