Пеп Гвардиола не го криеше разочарувањето откако Манчестер Сити загуби со убедливи 5-1 на гостувањето против Арсенал, ново фијаско во оваа разочарувачка сезона на актуелниот англиски првак.
Ова воедно беше и најубедлив пораз во кариерата на Гвардиола, кој за првпат загуби со четири гола разлика кога неговиот тим прими пет погодоци, но предводникот на Сити јасно стави до знаење дека конечниот исход не е реална слика за случувањата на теренот.
„Кога ќе го погледнеш семафорот, не можеш да разбереш што се случи ако си го гледал целиот натпревар. Жалам само за последните 25 минути, во кои заборавивме да го правиме она што требавме да го правиме.Околу 65-70 минути игравме сосема добро, тежок меч на овој стадион, против тим што е со маскимални амбиции. Направивме одредени грешки какви што ни се случуваат често сезонава, но севкупно гледано бевме во ред, покажавме карактер, цврстина во одбраната. А потоа, откако дадовме гол и подготвувавме нови замени, стигна вториот гол на Арсенал, повторно по нашата грешка. Не е никаков изговор, фудбалот се игра 90/95 минути, не може да завршите натпревар на начин на кој ние тоа го сторивме денеска“, истакна Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

