Манчестер Сити ги одби понудите од Свонси и Ипсвич Таун за позајмица на својот голем талент Стефен Мфуни, пренесуваат англиските медиуми.
Станува збор за еден од најперспективните фудбалери на генерацијата 2008 кој ја покрива стоперската позиција, но може да настапи и на позицијата лев бек.
Мфуни ќе продолжи да се развива во академијата на Манчестер Сити и во новата сезона ќе биде дел од Премиерлигата за фудбалери до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

