Пеп Гвардиола: Не знам кој би ме сакал после Манчестер Сити

Во 2016 година, Пеп Гвардиола го презеде тимот на Манчестер Сити. Минатата сезона со неговиот тим ја имаше најдобрта сезона. Ја освои тројната круна, воедно првпат Лигата на шампионите, што беше крунисано и со пехарот од светското клупско првенство.

Договорот на Гвардиола со Сити истекува на лето 2025 година, па откри каде се гледа себе си во продолжение од кариерата. Тој откри дека му е желба да води репрезентација.

„Сакам да подготвувам репрезентација за светско или европско првенство. Сакам, но не знам во која земја. Не знам кој би ме сакал. Да работиш во репрезентација, треба некој да те сака, исто како во клуб“, рече Гвардиола.

Се вчитува...