Пеп Гвардиола останува во Манчестер Сити во следните пет години, пренесуваат англиските медиуми. Раководството на тимот од „Етихад“ ќе му понуди нов договор на искусниот тренер во траење од пет години со кој ќе заработи 100 милиони фунти.
Според актуелниот договор шпанскиот стратег во Сити заработува по 15 милиони фунти годишно, а доколку се потпише нов договор неговата годишна заработувачка ќе изнесува пет милиони фунти повеќе.
Гвардиола во Манчестер Сити пристигна во 2016 година, а сезонава успеа да биде првиот менаџер кој ги обединил сите трофеи во англискиот фудбал, освојувајќи ја Премиер-лигата, Лига купот и ФА купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА