Ниту Англија, ниту Барселона, ниту Саудиска Арабија. Пеп Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште една година. Ова е првата информација која доаѓа од Островот. Шпанскиот стручњак и англискиот клуб ги договориле сите услови околу продолжување на соработката за уште 12 месеци.
Сити ја донесе оваа одлука во момент кога е во најдолгата серија на порази откако Гвардиола ја презеде тренерската функција. Сити загуби четири меча во сите натпреварувања и заостанува пет бода зад Ливерпул во Премиерлигата.
Гвардиола беше речиси сигурен дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на „Граѓаните“, но сепак нешто се промени. Договорот на шпанскиот стручњак истекува на крајот од актуелната сезона, но клубот сепак го убедил да остане, барем уште една година. Гвардиола имаше понуди од репрезентацијата на Англија, се споменуваше и потенцијално патување во Саудиска Арабија, но и враќање во Барселона, но ништо од тоа нема да се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА