Хрватскиот репрезентативец во редовите на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол поради повреда ги пропушти последните четири натпревари на „граѓаните“ – средбата против Копенхаген во Лигата на Шампионите, како и дуелите против Челси, Брентфорд и Борнмут во Премиерлигата.
На пресконференцијата за медиуми во пресрет дуелот од ФА Купот против Лутон тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардила откри каква е ситуацијата со 22-годишниот стопер.
„Јошко е добро. Не чувствува преголеми болки за време на тренинзите. Се уште не тренираше со останатиот дел од тимот, но наскоро ќе се врати“, изјави шпанскиот стартег.
Покрај Хрватот, на средбата против Лутон, Гвардиола нема да може да смета ниту на Џек Грилиш кој исто така се уште се рехабилитира од повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА