Манчестер Сити ја губи битката за шампионската титула во Премиер – лигата, но Пеп Гвардиола се уште има надежи дека може да го освои трофејот во Лигата на шамионите. Раководството на клубот ќе одвои нови 150 милиони фунти за нови засилувања, а една од големите желби на шпанскиот стратег е дефанзивецот на Лестер, турскиот интернационалец Чаглар Сојунчу. 23-годишниот стопер веќе во јануари би можел да се пресели на „Етихад“.
Чаглар Сојунчу игра одлично во дресот на Лестер, тој е модерен дефанзивец кој ги задоволува вкусовите на Гвардиола, квалитетен во игра со топка, но исто така и цврст во воздушните дуели. Токму затоа и го доби прекарот „турскиот Пујол“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

